Информации

Информации за проектот “FEMTERPRISE – Промовирање на создавање на социјални претпријатија преку зајакнување на претприемничкиот потенцијал на младите женикофинансиран од Европската унија преку Програмата ИнтерегИПА за прекугранична соработка БугаријаМакедонија

Женската креативност и претприемачки потенцијал се недоволно искористен извор на економски раст и работни места, кој треба да биде доразвиен и популаризиран кај потенцијалните инвеститори во прекуграничниот регион на Бугарија и Македонија. Тешкотиите со кои се соочуваат бугарските и македонските жени претприемачи често се поврзани со недостатокот на пристап до финансирање и информации, вклучувајќи ги и алатките за работа во мрежа, познавања на правната и регулаторна рамка за претприемништвото, дефицит на знаење и вештини за управување и ниски нивоа на менторска поддршка. Понудените услуги за поддршка на   старт-ап бизниси не се со потребниот квалитет и не достигнуваат до сите  кои имаат потреба од истите. Исто така постои и широко распространета култура која не ги  препознава најуспешните (жени) претприемачи како модели.

Проектот FEMTERPRISE се стреми да обезбеди поддржувачка креативна средина за 30 млади жени со претприемачки потенцијал со цел тие да создадат свои социјални претпријатија и на тој начин да обезбедат иновативни и одржливи решенија за социјалните и еколошките проблеми во пограничниот регион на Бугарија и Македонија. Во создавањето на своите претпријатија учесничките ќе бидат помагани и советувани од широка мрежа на ментори, експерти и потенцијални инвеститори.

Главната цел на проектот е да ги подобри условите за бизнис развој во прекуграничниот регион како применлив иновативен пристап кон зајакнување на претприемачкиот капацитет на жени на возраст 18-29 години и стимулирање на создавањето на социјални претпријатија.

Оваа цел ќе биде постигната преку:

1) Создавање на одржлива прекугранична FEMTERPRISE мрежа на жените претприемачи;

2) Зајакнување на претприемачкиот капацитет и создавање на можности за професионална и социјална реализација на млади жени претприемачи;

3) Развивање на платформата FEMTERPRISE (www.femterprise.com)  – иновативна онлајн алатка за поддршка, градење на капацитет, менторство и вмрежување меѓу жени претприемачи ментори, потенцијални клиенти и инвеститори;

4) Поттикнување на создавањето на социјални претпријатија во регионот управувани од жени;

5) Одликување на претприемничка култура и социјалното претприемништво.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна  www.femterprise.com или нашата Facebook страница https://www.facebook.com/femterprise