МЕЃУГРАНИЧНА МРЕЖА НА ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧКИ СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА

 

МЕЃУГРАНИЧНА МРЕЖА НА ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧКИ СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА

На 6, 7 и 8 ноември 2017 година. здружение “Вива ПАУТАЛИА” –  Ќустендил и Здружението на жените-претприемачи “Уникум-кос” – Куманово одржаа прекуграничен семинар за консолидирање на Мрежата на жени-претприемачи FEMTERPRISE. Настанот имаше за цел да ја претстави пред ментори, потенцијални инвеститори и заинтересирани страни од Бугарија и Македонија создадените во рамките на проектот “FEMTERPRISE

 

 

Онлајн платформа  го  промовира претприемништвото меѓу дамите од прекуграничниот регион на Бугарија и Македонија

Во месец јуни 2017г. во рамките на проектот “FEMTERPRISE – Поттикнување на создавање на социјални претпријатија преку зајакнување на претприемачкиот потенцијал на младите жени” ко-финансиран од Европската унија преку Програмата Интерег-ИПА за прекугранична соработка България- Македонија беше основана прекугранична мрежа на жените-претприемачи “FEMTERPRISE”. Главната цел на FEMTERPRISE е да се подобрат условите за бизнис развој во прекуграничниот регион преку примена на иновативен неформален пристап кон зајакнување на претприемачкиот капацитет на жени-претприемачи на возраст 18-29 години и стимулирање на создавањето на социјални претпријатија. Вкупниот буџет на проектот е 110 217.35 евра, од кои 93 684.73 евра се придонес на ЕУ преку фондовите на ИПА, 9 559.87 евра се национално кофинансирање на Република Бугарија и 6 972.75 евра се национално кофинансирање на Република Македонија. Рокот за исполнување на проектот е 15 месеци.

Меѓу 12 и 16 јуни 2017г. како дел од активностите на проектот беше спроведена 5-дневна обука за градење на капацитетите и зајакнување на млади жени – социјални претприемачи. Во обуката учествуваа 30 млади дами претприемачки потенцијал од Бугарија и Македонија. Преку практични насочени обуки беше изграден претприемачки и лидерски капацитет на учесничките, и беа положени основите на FEMTERPRISE мрежата на жените претприемачи. Во рамките на обуката беше презентирана и платформата www.femterprise.com.

Платформата www.femterprise.com претставува онлајн израз на создадената FEMTERPRISE Мрежа на жените – претприемачи. Платформата цели да ги имплементира и поврзува жените- претприемачи со ментори и инвеститори преку создавање на онлајн заедница која е безбедна и поддржувачка. Платформата ќе служи и како алатка за подигнување на свеста и промовирање на претприемничката култура и социјалното претприемништво, што им овозможува на корисниците да креираат профили, да воспоставуваат партнерства, да разменат деловни идеи, да споделат знаења и да поттикнуваат создавањето на социјални претпријатија, предводени од жени .

Дознај повеќе за мрежата FEMTERPRISE и направете своја регистрација на www.femterprise.com.

Ресторанот за здрава храна ги решава проблемите со дебелината на децата и адолесцентите во прекуграничниот регион на Бугарија и Македонија

На почетокот на ноември 2017 година учесничките во проектот “FEMTERPRISE – Поттикнување на создавање на социјални претпријатија преку зајакнување на претприемачкиот потенцијал на младите жени”, поддржани од нивните ментори, ги претставија своите концепти за социјални претпријатија пред засегнатите страни и потенцијалните инвеститори од прекуграничниот регион на Бугарија и Македонија. Прекуграничното жири имаше  тешка задача да го изгласа победничкиот  концепт. Експертите  едногласно го избраа ресторанот  “Робин ФУД“.

Од ноември до јануари екипата на “Робин ФУД“, со помош на професионални ментори и екипата на FEMTERPRISE, напорно работеше на трансформирање на концептот во реално социјално претпријатие. Социјалната мисија на “Робин ФУД“ беше идентификувана, по што учесниците развија детален бизнис план, претпријатието беше регистрирано и продолжи да бара финансирање. Претпријатието  е со седиште во Куманово, Република Македонија, каде што ќе се наоѓа идниот ресторан.

Во рамките на проектот FEMTERPRISE беа развиени и обезбедени вкупно 6 концепти за социјални претпријатија во прекуграничниот регион на Бугарија и Македонија. Можете да ги видите сите претставени концепти и да ја  дадете својата поддршка за нив откако ќе се регистрирате како претприемач, ментор или инвеститор во Мрежата на жените-претприемачи www.femterprise.com.

Мрежата FEMTERPRISE има за цел да им овозможи на жените претприемачи и социјални претприемачи од Бугарија и Македонија да се поврзат со ментори и потенцијални инвеститори како да  создадат заемно деловни односи. Повеќе за FEMTERPRISE и посебно за ресторанот “Робин ФУД“, можете да најдете на  нашата страница на Фејсбук, како и нашето промотивно видео.

Вкупниот буџет на проектот е 110 217.35 евра, од кои 93 684.73 евра се придонес на ЕУ преку фондовите на ИПА, 9 559.87 евра се национално кофинансирање на Република Бугарија и 6 972.75 евра се национално кофинансирање на Република Македонија. Крајниот рок за имплементација на проектот е 15 месеци.

Проектот е ко-финансиран од страна на ЕУ преку Интеррег-ИПА ПРОГРАМА Р.Бугарија – Р.Македонија