FEMTERPRISE даде придонес за подобрување на условите за развој на бизнисот во прекуграничниот регион на Бугарија и Македонија со примена на иновативен неформален пристап кон зајакнување на претприемачкиот капацитет на 30 млади жени-претприемачи и стимулирање на создавањето на социјални претпријатија

Специфичниот придонес на проектот за подобрување на конкурентноста на бизнисот во прекуграничниот регион на Бугарија и Македонија се изразува во:

1) Создавање на одржлива прекугранична FEMTERPRISE мрежа на жените претприемачи, која цели да изгради заемно деловни односи како поврзување на жени претприемачи и социјални претприемачи од Бугарија и Македонија со ментори и потенцијални инвеститори. Основоположниците на мрежата – 30 млади жени со претприемачки потенцијал и 30 доброволни ментори, бизнис личности, потенцијални инвеститори и други заинтересирани страни беа идентификувани и вклучени во мрежата преку истражување, спроведено во рамките на проектот.  >а

2) Зајакнување на претприемачкиот капацитет на 30 млади жени на возраст меѓу 18 и 29 години од прекуграничниот регион и создавањето на можности за нивната професионална и социјална реализација преку нивното учество во претприемачки тренинг, онлајн трка и работилница за зајакнување на мрежата FEMTERPRISE каде учесничките ги демонстрираа нивните идеи пред потенцијалните инвеститори и засегнатите страни.

3) Развивањето на платформата FEMTERPRISE– иновативни  онлајн алатка за поддршка, градење на капацитет, менторство и вмрежување меѓу жени претприемачи и ментори, потенцијални клиенти и инвеститори.

4) Поттикнувањето на создавање на социјални претпријатија во регионот управувани од жени преку развој на  6 концепти за социјални претприатија  я и претворањето на едно од нив    >х  во реално постоечко социјално претпријатие.

5) одликување на претприемничка култура и социјалното претприемништво преку платформата и реализираните во рамките на проектот онлајн промотивна кампања, промотивни материјали, Прирачник за социјално претриемништво  >з    .

Крајниот рок за имплементација на проектот беше 15 месеци. Проектот се спроведе од Асоцијација на жени претприемачи “УНИКУМ-КОС” – Куманово во соработка со здружението “Вива Пауталиа” – Ќустендил.

Повеќе за FEMTERPRISE можете да дознаете на www.femterprise.com и https://www.facebook.com/femterprise/

 

 

Press release 17.01.2018

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *