Проект “ПРОАКТИВА – жени двигатели на економијата“ е со цел унапредување на претприемачките вештини кај жените. Врз основа на спроведеното истражување од страна на тимот на Асоцијација на жени претприемачи “УНИКУМ-кос“ со кои предизвици се соочуваат жените претприемачки, дојде до резултат дека постои интерес да се организираат обуки за унапредување на претприемачките вештини кај жените и тоа на темите подолу предложени :
- Напредни техники и вештини за ефективна деловна комуникација
- ДЕЛОВНО И СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ/ПРАКТИЧНА ИЗРАБОТКАНА ДЕЛОВЕН БИЗНИС ПЛАН
- ПРАКТИЧНА ИЗРАБОТКА НА ДЕЛОВЕН БИЗНИС ПЛАН (финансиски дел)
- Финасиските можности на жени претприемачи
- ПРАВНАТА РАМКА НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА
Сите жени претприемачки и жени со претприемачки дух, потенцијални жени претприемачи, менаџери, управители, лидери можат да се пријават на обуките кои ќе се реализираат во наредниот период, 23.02.2018, 26.02.2018, 1.03.2018,5.03.2018, 9.03.2018 од 15:00-21:00, во сала за состаноци -Комитет, Куманово. Пријавување ќе се врши преку потполнување на прашалникот, кој може да се најде тука : Прашалник и истиот да се прати на нашиот маил: unikumkos@gmail.com ; unikumkos@yahoo.com .
Проектот е кофинансиран од Министерството за економија РМ
22.02.2018
Покана за учество на обуки за унапредување на претприемачки вештини кај жените може да ја најдете тука
Тимот на проектот “ ПРОАКТИВА- жени двигатели на економијата“со задоволство поканува претставник од вашата ИНСТИТУЦИЈА на обуките посветени на жени претприемачки, кои ќе се одржат на 23.02.2018, 26.02.2018, 1.03.2018,5.03.2018, 9.03.2018 од 15:00-21:00, во сала за состаноци -Комитет, Куманово.
23.02.2018,
“Проактива – жени двигатели на економијата“
Успешно спроведена првата обука од циклусот обуки за зајакнување на претприемачки вештини кај жените претприемачки и креативните жени со претприемачки дух кои сакаат да започнат сопствен бизнис.
Успешно спроведена обука за унапредување на жени претприемачи на тема “ Напредни техники и вештини за ефективна деловна комуникација “ Главниот фокус на првата обука ќе биде како да се стекнат со практични вештини за деловна комуникација, воспоставување на позитивни професионални односи со клиентите и соработниците и пристап на преговарање базиран на остварување и задржување на добри деловни релации
26.02.2018
“Проактива – жени двигатели на економијата“
Уште една успешно спроведена обука на тема ДЕЛОВНО И СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ/ПРАКТИЧНА ИЗРАБОТКАНА ДЕЛОВЕН БИЗНИС ПЛАН( ТЕКСТУАЛЕН ДЕЛ. Главниот фокус на обуката ќе биде како да се стекнат со знаења за стратешко планирање и развој на бизнис стратегија како клучна фаза во процесот на стратешки менаџмент. Учесниците ќе се запознаат со основните принципи и начела не стратешки менаџмент и клучните елементина бизнис стратегија како детерминантна фаза на процесот на стратешки менаџмент.
01.03.2018
Продолжуваме со циклусот успешно реализирани обуки, денес на тема Финасиските можности на жени претприемачи. Главниот фокус на четвртата обука ќе биде вовед на учесничките во финансиските можности, кои би можеле да ги искористат во понатамошното прожирување на бизнисот. Основните сметководствени поими и вовед во финансиско планирање со маркетинг.
05.03.2018
Интерактивна обука за жените на тема ПРАКТИЧНА ИЗРАБОТКА НА ДЕЛОВЕН БИЗНИС ПЛАН (финансиски дел) .Главниот фокус на третата обука ќе биде како да се стекнат со знаења за основните принципи на деловен бизнис план, со посебен фокус на носењето на одлуки и оптимизација на бизнис процесите со цел постигнување на организациски учинок ( перформанс) во однос на остварување на целите бизнис стратегијата.
09.03.2018
Последната тема од циклусот обуки на тема ПРАВНАТА РАМКА НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА. Главниот фокус на обуката ќе биде правната рамка на функционирање на претпријатијата со фокус на правните форми на организацијата на деловните потфати спорд ЗТД.
Кофинансирана од Министерството за економија на РМ