На 6, 7 и 8 ноември 2017 година. здружение “Вива ПАУТАЛИА” – Ќустендил и Здружението на жените-претприемачи “Уникум-кос” – Куманово одржаа прекуграничен семинар за консолидирање на Мрежата на жени-претприемачи FEMTERPRISE. Настанот имаше за цел да ја претстави пред ментори, потенцијални инвеститори и заинтересирани страни од Бугарија и Македонија создадените во рамките на проектот “FEMTERPRISE – Поттикнување на создавање на социјални претпријатија преку зајакнување на претприемачкиот потенцијал на младите жени” 6 концепти за социјални претпријатија. Специјалното прекугранично жири го емитуваше концептот – победник на натпреварот FEMTERPRISE. Победникот тим – “Ресторан за здрава храна Robin Food” ќе добие дополнителна поддршка за реализирање на идејата и станување во реално постоечко социјално претпријатие.
Повеќе информации тука :
Меѓугранична претприемачка мрежа на жени од Македонија и Бугарија